Љубовно-модниот пар Џастин О’Ши и Вероника Хајлбрунер – тој е главен купувач на интернетската продавница My Therea, таа е уредничка во германското издание на Harper’s Bazaar, a заедно се дел од секоја листа на личности со стил. Новинаите на The Coveteur го посетија нивниот дом во Париз и ги отворија нивните плакари. И таму ги најдоа нејзините фустани од Мери Катранзу и Кристофер Кејн, дизајнерски џинс, и купишта специфични анти, а кај него безброј комбинации од класични и совршено скроени троделни костуми и необично модни додатоци. Вероника откри дека прва дизајнерска чанта ѝе розов модел со монограм од „Луј Витон“, подарок од нејзината тетка, а Џастин вели дека сака да ја гледа во долна облека од Agent Provocateur и во еден нејзин фустан од „Прада“ од колекцијата пролет-лето 2013. Вероника ѝ се допаѓа кога Џастин е облечен во фармерки и црна маица, признава дека тој веќе има совршен стил, па таа не може многу да му сугерира што да носи, а тој пак смета дека секој маж треба да поседува совршпен костум, црн мантил и црни кожени чевли Џастин и Вероника советуваат да бидете оригинални, а ако сакате да успеете во модата треба да се фокусирате на една работа. „Некогаш е доволен еден производ за да успеете“, вели Џастин.
Нема коментари