Зандра Роудс смета дека шарите, боите и принтовите чинат 75% од еден фустан или некое друго парче облека. Водена од овој став креациите на оваа легендарна британска дизајнерка обилуваат со необични принтови и живи бои, а тоа се отсликува и во нејзиниот животен и истовремено работен простор. Зандра живее во Јужен Лондон, во зграда обоена во розова и портокалова боја, а под нејзиниот апартман сместено е и нејзиното ателје. Зандра кариерата ја почна како дизајнер на материјали, оттаму нејзината страст за принтови и бои. Просторот за живеење е вибрантен и исполент со предмети во разни стилови, орнаменти, купишта книги и облека. Ништо помалку интересно и колоритно не е ни студиото, во кое главно место имаат нејзините цртежи и скиците со принтови. Еве ја фотосторијата на Тод Селби од сајтот theselby.com од апартманот и ателјето на Роудс.
Нема коментари