Деновиве Викторија Бекам се вклучи во проектот на британската фондација Save the Children и одлучи да донира неколку детски комбинации облека што ги носела нејзината ќерка Харпер. За таа потреба ги фотографираше склопените комбинации во својата канцеларија, па покрај поздравувањето на гестот, да обрнеме внимание на нејзиниот работен простор – голема просторија во која доминира долго биро и зад него огромен црн плакар. Уреден во минималистички стил, канцеларијата содржи едноставен мебел и е со неутрална палета. „Луѓето се доста изненадени кога ќе ја дојдат овде, веројатно очекуваат нешто многу погламурозно. Овде не се работи за мене. Многу работа се случува овде“, вели Викторија за своето ателје сместено во Батерси во Јужен Лондон, во видео направено во февруари за New York Times. На почетокот од нејзината дизајнерка кариера биле само тројца луѓе во ателјето, сега Викторија има 150 вработни во различни сектори. Првата канцеларија била многу мала, како го развивала бизнисот, така нејзиниот работен простор станувал поголем, а неодамна отвори канцеларија и во Њујорк.
Нема коментари