Запознајте ја Матилда Лоран, таа ги компонира парфемите за брендот „Картие“ уште од 2005 година, а ова е нејзината лабораторија во зградата на Фондација Картие, сместена во 14-от арондисман на Париз. Овде таа го создаде парфемот La Panthère, како и неговата нова и полесна верзија, La Panthère Légère. Во канцеларијата на Матилда сè е подредено на парфемите и инспирацијата и истражувањето за следните мирисни ноти за некои нови парфеми. Од нејзиното работно место се гледа убава панорама на Париз, а на бирото и околу може да се забележат мирисни теглички, тестери на ароми, растенија, разни состојки, книги и списанија за инспирација.
Парфемите на „Картие“ се елегантни, ексклузивни и чисти, а во амбалажата на парфемите од серијата Panthère е вметнат мотив на пантер, животното кое што е заштитен знак на луксузниот бренд. Матилда вели дека долго размислувала како пантерот да го асоцира со мирисна нота, како да се постигне линк меѓу елегантен и женствен парфем и животното, а при креаирањето постојано носела накит со мотив на пантер од „Картие“. Грчкиот философ Теофраст своевремено забележал „Пантерот е единственото животно кое има пријатен мирис со кој го привлекува пленот.“ Ова сознание може да биде почетна точка за посветување на парфем на тема пантер, нели? Оригинално, Panthère de Cartier е лансиран во 1986 година, но Лоран внесе модерен мирисен бран во новите верзии на парфемот, La Panthère и La Panthère Légère.
Нема коментари