Откако направи комплетна ревитализација во американскиот бренд J.Crew каде што работи како креативна директорка, модната публика се заинтересира за облеката лансирана под нејзино водство и се опседна со шареноликите и слоевити комбинации од колекциите што ги создава и од нејзиниот личен стил. А откако ќе ги погледнете фотографиите од нејзината канцеларија, ќе сфатите дека подеднакво ви се допаѓа и нејзиниот стил за декорирање и ентериер.
Џена Лајонс во едно интервју откри дека доколку не станеше модна креаторка, сигурно ќе се занимаваше со дизајн на ентериери. Таа не само што живее во куќа што сама ја уредила и се наоѓа во ултра-кул дел од Бруклин, Њујорк, туку и нејзиното работно катче е декорирано по нејзин вкус – еклектична и шарена канцеларија во која централно место имаат биро во корална нијанса, марокански килим и ѕидови кои изгледаат како уметнички колаж од потсетници, фотографии и инспиративни текстови.
Нема коментари