Модните блогерки содржините на своите онлајн платформи најчесто почнале да ги пишуваат во својот дом, но оние поуспешните после години блогирање успеваат да изградат бренд, да вработат цел тим и конечно да отворат свој деловен простор. Таков е случајот и со Ејми Сонг, авторката на Song of Style, која важи за една од најпознатите блогерки во светот.
Eјми заедно свој својот тим годинава се пресели во нова канцеларија сместена во една куќа во Лос Анџелес. Во една просторија има голема работна маса на која работи целиот тим, но Ејми има организирано и мала канцелари само за неа. Целиот простор е уреден со дизајнерски и со парчиња мебел купени на старо. Боите се смирени и претежно земјени, а атмосферата е домашна и сосема опуштена што допринесува за работа без стрес.
Блогерката и модната инфлуенсерка во својата канцеларија повика неколку лајфстајл медиуми, како My Domaine, кои го фотографираа просторот, а дел од изгледот на нејзиното работно катче го и има и на нејзиниот блог и на Инстаграм.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете линк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари