Францускиот луксузен бренд за накит Cartier често инспирација наоѓа од градот во кој се родил, Париз, и во шармот на француските жени, а таква е и линијата Paris Nouvelle Vague, посветена на слободоумните, креативните, веселите и таинствените парижанки. А кога креирате луксузен накит за креативни жени, мора и внимателно да го претставите со совршен сетинг во излогот. Во тој дел Cartier направи одлична декорција и парчињата од колекцијата Nouvelle Vague ја претстави со цртежи кои се инспирирани од архитектурата на Париз. Накитот е поставен на кружни постаменти со ефект на огледало на кои се рефлектираат сликите на Парис нацртани на основата на постаментот. Еве како изгледа таа креативна инсталација во излозите во Cartier.
Нема коментари