Модната блогерка Леандра која што од 2010 година го потпишува блогот Man Repeller на своите обожаватели им овозможи поглед во нејзиниот плакар и продолжува да ја покажува својата посветеност на модната инсустрија, но нејзин оригинален начин. Таа сака да се издвои од модната толпа преку облеката што ја носи, но без да претерува и глуми кловн. Напротив, нејзиниот стил е рискантен и смел, но во исто многу близок на обичната жена.
Леандра во интервју за Vestaire Collection, компанијата што ја поддржува нејзината гардероба, објасни зошто го отворила својот моден блог. Таа се потсетува на една случка додека била со блиска пријателка во бутик на Topshop и почнала да се жали за својот љубовен живот. „Се разбира никој не сака да се забавува со тебе, ти не се облекуваш за мажите“, ѝ одговорила пријателката и со изјавата која многу ќе го смени нејзиниот живот. Таа не се облекува за мажите, и во тој момент сфатила дека модата ѝ е поважна од мажите. Оттаму и името на нејзиниот блог Man Repeller – некој што ги одвраќа мажите.
Love your style Meets Leandra from Vogue Video on Vimeo.
Зад името и блогот се крие нејзината перспектива да ја им покаже на жените во целиот свет дека може да бидат еманципирани и дека не мора де се облекуваат за мажите, доколку не сакаат. Леандра сфатила дека во тој момент нема момче, бидејќи модата ѝ е поважна од мажите. Како и да е, покрај успехот со блогот, Леандра ќе си најде и момче и во 2012 година ќе се венча за Абрахам Коен.
Леандра сака да носи облека во која се чувствува убаво и во која кога ќе се погледне пред огледало ќе си каже „По ѓаволите, изгледаш супер“. За неа клучно е личноста да ја носи облеката, а не облеката да ја покрие личноста. Нејзиниот стил е оригинален, неконвенционален, таа ја претставува модата од поинаков агол. Сосема е поразлична од блогерките кои само се интересираат за трендовски парчиња и изгледаат како под шаблон. Добро го познава обликот на своите тело, секогаш го нагласува својот карактер, ретко се шминка, и може да се каже дека не ги одвраќа мажите со својот изглед.
Блиц прашања за Леандра:
Џинс или кожа? – Џинс.
Ниски или високи чевли? – Комбинација со платформа.
Винтиџ или од модна писта? – Од модна писта.
Како ќе носиш кога ќе имаш 80 години? – Точно она што го носам на 26 години.
Топ совет? – Ако чуствувате дека е погрешна, веројантно е правилна комбинацијата.
Нема коментари