Како изгледаат гардероберите, односно собите со гардероба, на славните и богатите, може да погледнете и преку видеото што актерката Кетрин Зета Џонс го објави деновиве на својот профил на Инстаграм. Таа постира Hyperlapse видео кое нуди една брзинска и малку драматична турнеја низ нејзиниот плакар. Можеме да заклучиме дека се работи за масивен гардеробер направен од полици во црн лак, низ кој е распоредена нејзината облека. Таа е елегантно организирана по боја и вид, а гардероберот е така конструиран да може да ги смести различните модни додатоци, чантите, накитот, свилените марами… Во собата со облека има и стаклени полици на кои се наредени дизајнерски чанти и чевли кои изгледаат како да е дел од некоја луксузна продавница.
Нема коментари