Кога актерката и пејачка Леа Мишел побара помош да го трансформира својот двор во простор со стил во кое ќе се релаксира и забавува, на архитектите и дизајнерите им откри две работи – дека сака интензивни бои и дизајн во кој ќе се чувствува комфорно.
Резултатот од реновирањето на дворот на ѕвездата на серијата Glee е едноставен дрвен мебел, текстил во тиркизни, тегет и виолетови тонови, перничиња со принт, широк простор и повеќе катчиња за седење и излежување покрај базенот.
Во чест на новиот двор, Леа ги покани пријателките на дружење и им послужи свежи салати, коктели со ликерот Pimm’s, варен зеленчук и вкусен оброк со пилешко месо а јадењето за ручек го послужи на маса декорирана со јоргован, листови од дрво и цветни аранжмани.
Фотографиите од дворот на Мишел може да ви послужат како идеја за уредување на дворот или балконот. Актерката советува да изберете ткаенини за перничиња кои ќе ве потсетат на омилените егзотични дестинации, ако организирате дружење послужете пролетни салати и освежителни коктели, а исто така важно е да обезбедите удобно место за седење за сите гости.
Нема коментари