Австралијанката Наоми Вотс со години важи за една од најгламурозните холивудски актерки, колку е гламурозен и стилизиран нејзиниот дом откри во новиот број Architectural Digest. Наоми заедно со својот партнер Лив Шрајбер и нивните синови Александар и Семјуел живее во Њујорк, во простран лофт на Менхетен, уреден во многу бои од страна на студиото Ashe + Leandro. Апартманот станал дуплекс откако се споиле два стана, од кои едниот служел како сликарско ателје. Просторот долго се реновирал, бидејќи уште на почетокот бил поплавен поради ураганот Сенди (станот се наоѓа покрај реката Хадсон поради што лесно бил подложен на бурата), па архитектите одлучиле да го соголат и да почнат од почеток. Долго време траело и уредувањето, а дизајнерите Реиналдо Леандро и Ариел Аш од Ashe + Leandro вметнале голема маса, комода од дрво и стакло и огледало со старински изглед во трпезаријата, огромни софи од бордо кадифе во дневната соба која е поделена на два сектора,топла атмосфера во спалните соби и шаренило во гостинската соба, црно-бели плочки, светли елементи и маса со дрвени панели во кујната, како и етно килими, уметнички слики и врамени фотографии од братот на Наоми, познатиот фотограф Бен Вотс. (К.Т.)
Нема коментари