Кога неодамна супермоделката Карен Елсон постираше своја фотографија облечена во текстасни изцело панталони, покрај нејзиниот стил, некои други работи беа забележани – необичниот дрвен кауч, прекривачот и украсните перничиња, односно декорот и атмосферата во нејзината куќа во Нешвил. Доколку го посетите нејзиниот Инстаграм профил, ќе забележите дека често го фотографира својот дом и своите мачки, па може да добиете претстава за нејзиниот стил не само во однос на модата, туку и во декорирањето. Британската манекенка со впечачатлив изглед и црвена коса, во овој американски град се пресели кога се омажи за Џек Вајт од бендот The White Stripes, ама во Нешвил живее и по разводот со музичарот, заедно со децата Скарлет и Хенри.
Нема коментари