Работниот простор на блогерката Кристин Ендрју од модниот блог Hello Fashion привлече внимание на „Инстаграм“ со својот изглед. Ендрју блогот го води од 2011 година, а како и повеќето модни блогерки работи од дома. Кога веќе пишува за мода, трендови и естетика, тогаш по аналогија и просторот во кој твори треба да ги задоволи модните и естетски вредности. Блогерката неодамна го постираше реновираното домашно работно катче кои ги воодушеви нејзините следбеници на блогот и на социјалните мрежи.
Просторот е доста женствен и во него доминираат белата, розовата и бојата на праска. На подот има мек јамболиест килим, бирото е во бела боја, просторот е разигран со цртежи, полица со чевли, големо огледало со бела рамка и цвеќе, а наместо работно столче, Кристин користи удобна фотелја со розово перниче.
-Сакав мојата канцеларија да има женствена и колоритна атмосфера, бидејќи остатокот од куќата е украсен во неутрални и сиви тонови. Многу го сакам миксот на бела и златна, но за контраст вметнав и пастелни акценти на сина, корална и розова боја. Многу ги сакам уметничките слики на ѕидот, тие толку многу допринесуваат за изгледот на просторот, а нивната палета на бои ја искористив како основа за работната соба – вели блогерката која скоро два месеци ја реновирала домашната канцеларија.
Нема коментари