Холандскиот топ-модел Дуцен Крос сними реклама за новиот паметен телефон, Samsung S5. Во фотосесијата, снимена во вода, таа го претставува и новиот Gear Fit маншет. Манекенката, која го очекува своето второ детe, ги користи новите прозиводи додека се капе во луксузeн базен на врв на некоја зграда. Ова не е првпат супермодел да е лице на напредната технологија. Пред Крос во слични реклами се појавија нејзините колешки од „Викторија сикрет“, Алесандра Амбросио и Кендис Свонпул.
Нема коментари