Откако го имаше своето манекенско деби на насловната страница на магазинот Harper’s Bazaar, Ема Ферер, внуката на Одри Хепберн за првпат ќе зачекори и на модната писта, за време на Модната недела во Париз . Таа ќе се појави на модната ревија на брендот Lanvin. На дваесетгодишната Ема, која е ќерка на најстариот син на Хепберн, Шон Ферер, ѝ пришол креативниот директор на брендот, Албер Елбаз, откако ја забележал во сепремврискиот беој на американски Harper’s Bazaar.

Ема ја наследила констукцијата на коските, грациозноста и отменоста на својата баба
Иако не личи на својата славна баба, Ема ја наследила констукцијата на коските, грациозноста и отменоста на холивудската ѕвезда. Родена е во 1994, една година по смртта на славната актерка, па така, никогаш немала шанса да ја запознае баба си. Таа е студентка во трета година на Академијата за уметност во Фиренца.

Фотографиите за Harper’s Bazaar ги сними Мајкл Аведон, 23-годишниот внук на легендарниот фотограф Ричард Аведон, кому, пак, Одри му беше муза и соработуваа долги години.
Нема коментари