Во рамки на проектот „Вкусот на Скопје” на 8 февруари во центарот „Јавна соба“, со почеток во 20 часот, ќе се реализира уште една необична гастрономска претстава наменета за пошироката јавност. Во соработка со куварот Марк де Јонг, „Јавна соба“ ќе приреди вечера на која се промовираат најновите италијански рецепти од регионите Тоскана и Венето.
-Секогаш користиме исклучително квалитетни производи за приготвување на храната преку која ја разскажуваме приказната за одреден регион или земја. За оваа пригода сакам на публиката да ѝ доближам една многу поразлична италијанска кујна. Излегуваме од онаа стереотипна италијанска храна која је има на секое ќоше, и ќе подготвиме пате со ф’стаци и бифтек на венецијански начин. Ова се рецепти кои дома лесно се подготвуваат, па затоа и сакам да им ги подарам на луѓето – вели Марк де Јонг.
Со серијата на кулинарски настани во рамки на двегодишниот проект „Вкусот на Скопје” се организираат тематски вечери и работилници наменети за пошироката јавност која е спремна преку овие настани да запознае одблиску една нова култура и да ги зголеми своите кулинарски вештини.
Нема коментари