Британската шминкерка Лиса Елдриџ сними видео со различни изгледи од различно време, а на идејата дошла додека ја подготвувала книгата FacePaint – the story of makeup и размислувала каде би сакала да биде транспортирана доколку има временска машина. Погледнете го ова патување низ најдобрите и најлошите мејкап моменти во историјата, од стилот на шминкање на Старите Египќани, едно од првите општества што почнало да користи шминка, преку средовековен начин, венециски и француски аристокатски стил, викторијански вредности, па сè до 20. век, вамп изгледот на ѕвездите на немиот филм, графичкиот изглед од 60-тите и јаките бои од 80-тите години. Стигнуваме до денешно време кога според Елдриџ можеме да одбереме каков сакаме стил – nude look, интензивно розов кармин или очи нашминкани во боја на лаванда.
Нема коментари