Под називот Everything is connected, славната британска дизајнерка и еко-активистка, Вивиен Вествуд, на 31 мај ќе одржи ревија во Будва. Легендарната креаторка во просторот пред ѕидините на Стариот град ќе ја претстави еколошката колекција за сезоната пролет-лето 2014. Настанот е во рамките на кампањата Climate Revolution, која е со цел кревање на свесноста околу климатските промени. Името на линијата е поттикнат од тоа дека сите со своите постапки можеме да влијаеме на светот околу нас.
Вествуд изминатите години, преку разни иницијативи, волонтирање и кампањи помагаше на различни организации што се занимаваат со проблемите на климатските промени, а сега се нафати и подиректсно да ја крене еколошката свест, преку своја колекција. Светското модно случвање во Црна Гора го организира агенцијата Murano Montenegro, која за оваа ревија ангажира една од најпшознатите стилистки на модната сцена Клаудија Бенкa, која има соработивано со Том Форд, Алберта Ферети и Вивиен Вествуд.
Нема коментари