Британската модна-дизајнерка Вивиен Вествуд ја авторизира официјалната биографија за нејзиниот живот, што ќе биде објавена наредната година. Книгата ја следи нејзината фасцинантна животна и професинална приказна, од учителка во основно училите, преку промотерка на панкот во мејнстрим-модата , па с` до дизајнер за кралското семсјетво. Мемоарите се напишани по раскажување лично на Вествуд , а содржат и сведоштва од нејзини пријатели, роднини и соработници.
Дамата Вив во реализација на книгата доби помош од познатиот автор на биографии, Ијан Кели.
-Имам намера да ја откријам вистината за широкоградата , топла и диховита индивидуа, чие лице и облеки се светски препознатливи. Ќе ја раскажам приказната за учителката во основното училиште во Дербишир , која се запозна и се вљуби во Маклом Мекларен и го смени светот-вели Кели.
Седумдесет и двегодишната Вествуд, која повеќе од четири декади го одушевува и шокира светот додава:
-Возбудена сум што ова ќе биде мојата приказна, која досега никој не ја раскажал.
Книгата објавена од „Пикадор“ ќесе најде на пазарот во октомври 2014 година.
Нема коментари