Препознатлив кариран дезен, слики со изглед на гоблени и дрвен ентериер се првите нешта што ќе ги забележите во новоотвоеното кафуле на дизајнерката Вивиен Вествуд во Хонг Конг. Во кафулето сместено во шопинг молот Harbour City каде што и се наоѓа бутикот на Вествуд, се служи чај, кафе и вкусни торти и колачи декорирани со британското знаме или со логото на брендот на дизајнерката.
Нема коментари