Компанијата Вива внесе празнична магија во болничките ходници, со донација на новогодишни пакетчиња за најмладите пациенти во Универзитетската клиника за детски болести и Институтот за белодробни заболувања кај децата – Козле, во Скопје.
Овие моменти беа исполнети со искрена благодарност и возбуда. Насмевките на децата и нивните блескави очи се доказ дека малите гестови создаваат големи радости. Новогодишните пакетчиња, полни со внимателно избрани сокови и овошни каши направени од 100% овошје, беа мала, но значајна порака дека грижата за децата треба да биде врвен приоритет.
-Децата секогаш се во центарот на нашите активности. Како општествено одговорна компанија, се стремиме не само да ги израдуваме, туку и да ги едуцираме за здравите навики уште од најмала возраст. Затоа, производите во пакетчињата се 100% природни и содржат витамини и минерали, токму кога им се најпотребни на децата. Секое насмеано лице и секој момент на радост за нас е непроценлив, и со оваа донација сакавме да внесеме празнична еуфорија во нивното секојдневие – велат од менаџментот на Вива.
Во годината кога Вива го одбележа својот 30-годишен јубилеј, оваа донација е уште еден доказ за посветеноста кон најмладите и придонесот кон пошироката заедница. Празниците се време кога најмногу се чувствува важноста на споделувањето и грижата за другите, а оваа иницијатива е потсетник дека радоста што ја даруваме е најубавиот подарок што можеме да го дадеме.
Нема коментари