Познатиот украински новинар-шегаџија Виталиј Сердјук се забавуваше за време на Париската модна недела и ја таргетираше уредничката на Vogue Ана Винтур по ревијата на „Шанел“. Облечен во бело-сива комбинација, со златна ракавца и со црн вел на главата, прво се дружење со публиката пред Grand Palais, каде што се одржа ревијата и потоа ја пронајде Ана, ѝ пристапи со прашањето на несмасен англиски „Ана, ќе ме однесеш ли на насловната на Vogue“, мислејќи дали ќе го стави на насловната на модниот магазин што го уредува. Винтур ладнокрвно го одбегна. Ден подоцна ревијата на „Луј Витон“ ја најде Миранда Кер и се обиде да ја бакне во образ.
Виталиј Сердјук е позната украинска телевизиска персона, и со својот шегаџиски пристап им се упикува на ѕвездите на црвениот килим, па така му се поклони и го изгушка Леонардо ди Каприо, ѝ ѕиркаше под фустанот на Америка Ферара, го интервјуираше Бил Клинтон, упадна на модна ревија и на сцената на Греми наградите додека Адел примаше награда, на една пресконференција на Мадона ѝ подари букет хортензии, знаејќи дека ѝ е најомрзнато цвеќе, а Бред Пит му се налути откако Виталкиј го удри во лице во лице на една филмска премиера и подоцна го тужеше. Ама тоа е пристапот на Сердук, на пародичен налин и со пародија и бесрамен удад на црвениот килим на позните настани да ја прикаже забавната индустрија на уште позабавен начин. Славните личности некогаш му се лутат, как Пит на пример, ама некогаш му посветуваат внимание – како онојпат кога ја пречека Кајли Миног на аеродром во Киев со тегла козјо млеко и таа смирено му одговараше на прашањата.
Нема коментари