Венчалниот фустан со кој дизајнерите ги затвораат ревиите на висока мода се нивна вечна опсесија. Покрај низата раскошни и етерични вечерни тоалети, кутуриерите во завршницата претставуваат фустан како предлог за свадбен изглед, а кај колекциите за есен 2015 забележавме и бел комплет кај „Шанел“ и сосема необична креација кај Жан Пол Готје. На последната недела на висока мода во Париз видовме и други погледи инспиративни за идните невести – од романтичен фустани на „Диор“, преку тантелната креација на Ели Саб до моделот со безброј слоеви од тул кај Џамбатиста Вали.
Нема коментари