Кога ја подготвуваше новата колекција на висока мода, Жан Пол Готје знаеше дека на својата кутур-публика треба да ѝ приреди уште еден театрален спектакл. Екстравагантен во изразот, младешки и разигран во енергијата, за пролет 2014 создаде колекцијата во духот на кабаре, необична мешавина на париското „Фоли Берже“ и современети изведувачки на бурлеска. Оттаму и идејата на Готје за гостинка на ревијата да ја покани Дита фон Тис. Таа беше облечена во фустан кој е модна стилизација на пеперутката, која беше главен мотив на колекцијата. Од буквалната интерпретација на пеперутката, вметната како декорација на прозирните горни делови, до фустаните со ракави како крилја на пеперутка, Готје низ облеката како да ја прослави убавината на ова суштество. Се разбира, дизајнерот не се задржа само на главната тема, туку предложи и тесни вечерни фустани од материјали како тул, тантела, светки и бисери, потоа црни костуми со драматични форми, свилени блузи и парчиња од џинс, како и магични детали во вид на екстравагантни украси за коса.
Нема коментари