Дизајнерот на машката колекција на „Луј Витон“, Вирџил Абло, постави уметнички инсталации на неколку локации во Њујорк, Пекинг и Токио со цел да се искуси концептуалниот начин на купување. Внимание привлекува големата холографска инсталација поставена на фасадата на „Луј Витон“ продавницата на њујоршката Петта авенија, висока 12 ката и која реферира на колекцијата на Аблох на модната куќа за пролет-лето 2019.
Машката колекција на „Луј Витон“ наменета за следната сеозна е првата на Абло како нов креативен директор на куќата, и е инспирирана од филмскиот класик „Волшебникот од Оз“ (1939), со креации во бои, металик ткаенини и холографски елементи.
Сега холографскиот момент е пренесен на уметничката инсталација поставена на аголот на „Луј Витон“ продавницата во Њујорк, која создава оптичка илузија на огромен манекен и која е дизајнирана така што може да се гледа од различни перспективи. Но Вирџил, отспротива продавницата со X обележа место од каде што најдобро се гледа и е место од каде што посетителите можат да се фотографираат. Слични уметнички инсталации Аблох постави во Пекинг и во Токио.
View this post on Instagram
every design studio i have is working full speed right now. full credit to them all. there’s a lot happing in the next 3 weeks so I’ll just post it all in now specific order. [ ideation studio] A post shared by @ virgilabloh on
Нема коментари