Линијата Violeta by Mango специјализира мода за жени со облини кои носат поголеми конфекциски броеви, но сакаат да носат модерна и трендовска облека. За сезоната пролет-лето 2019 овој подбренд на Mango нè води на Карибите. Интензивните бои и тропските шари се во фокусот на колекцијата која содржи фустани, комбинезони и комплети во кои ќе се чувствувате секси и самоуверено ќе ги нагласите своите облини. Добар избор секогаш се фустаните на преклоп кои одлично ѝ ласкаат на силуетата, шарените парчиња стратешки ги сокриваат облините, а во летните месеци ќе се носат и ленени пачиња и модели со линии.
Нема коментари