Трендовски, а безвремени, кежуал, но елегантни, младешки, а за сите генерации се креациите за прoлет-лето 2017 од специјалната линија за девојки и жени со облини Violeta на шпанскиот моден бренд „Манго“. Моделите се шик и романтични, прават баланс меѓу класичните кроеви и актуелните трендови, и имаат широка примена и прилагодливост за повеќе пригоди во текот на целиот ден. Доминираат цветните дезени и џинсот, а понудени се актуелни парчиња , како бомбер јакна, килот панталони, комбинезони, фустани со голи рамена, мантили со принт, како и кошули со лесерски сечени шари.
Нема коментари