Актерката Винона Рајдер за прв пат е заштитно лице на козметичка кампања. Како што е објавено на „Инстаграм“ профилот на Марк Џејкобс, таа ќе биде дел од бјути кампањата на дизајнерот за пролет 2016. Винона низ годините се има појавено во неколку кампањи на нејзиниот долгогодишен пријател Џејкобс, но никогаш претходно не промовирала козметичка линија. Дизајнерот откри фотографија од кампањата, дело на Дејвид Симс, во која Винона има нагласени „мачкасти“ очи. Главната инспирација за изгледот од кампањата ликот што Делфин Сејриг, француска актерка од либанско потекло, го глуми во филмот Last Year at Marienbad од 1961 година.
-Со години ме фасцинира Винона, таа е толку сензуална, силна и надреално мирна, кул и со безобразен фетишистички став. Нејзиниот лик ме прогонува откако почнав да размислувам за новата кампања. Не се двоумев, знаев дека мора да ја имам – вели Џејкобс.
Кариерата на Винона тргна по надолна линија пред 14 години кога беше уапсена поради кражба на брендирана гардероба, меѓу другото и џемпер со потпис на Марк Џејкобс.
Нема коментари