Ќерката на Вил Смит и Џејда Пинкет, ексцентричната Вилоу Смит, е нова амбасадорка на модната куќа „Шанел“. Младата актерка и пејачка заедно со својата мајка вчера се појави на ревијата на „Шанел“ во Париз, по што се фотографираше со дизајнерот Карл Лагефелд, а неколку часа подоцна дојде информацијата за нејзиниот нов ангажман како заштитно лице на модната куќа. Со ова Вилоу се придружува на големото семејство на амбасадори на „Шанел“ заедно со Даен Кругер, Кристен Стјуарт, Кира Најтли, Лили Роуз Деп, Ванеса Паради, Жизел Бундшен, Фарел Вилијамс, Гаспар Улиел и други. Засега нема дополнителна информација за соработката и што поточно Вилоу ќе промовира. Нејзиниот брат Џејден Смит пред неколку месеци беше дел од рекламна кампања на „Луј Витон“.
Нема коментари