Да, навистина, Викторија долго време беше предмет на потсмев, особено во модната индустрија, но сепак успеа да се реинвентира и да се издигне во врвот на светската дизајерска сцена. Поранешната пејачка, модната кариера ја почна со дизајнирање фармерки, потоа со сопругот Дејвид лансираа линија на парфеми, но вистинскиот подем го направи со креирањето и вистинкото позиционирање на својот моден бренд. Во интервју за печатеното издание на релевантниот Business of Fashion, Бекам открива дека многу работела на создавањето на нејзиниот бренд, поради што успешно транзиционирала од стилска зафрканција во ценет моден дизајнер.
Викторија Бекам денес e една од најуспешните британски дизајнери, но патот до овој статус не беше баш розов. Таа признава дека на почетокот од модната кариера никој не ја сфаќал серизоно, но инсистира дека не е огорчена на оние што одбивале да ѝ дадат шанса, бидејќи секогаш верувала дека и покрај сите пречки ќе успее во модата.
-Долго време постоеше само потсмев. И додека сите се смееја, што правев јас? Ги поставував темелите на она што сум денес – изјави Викторија за BOF.
Таа не само што успешно прикажува колекии на Њујоршката модна недела и за клиенти ги има Бијонсе, Рејчел Вајс, Камерон Дијаз, Миранда Кер и Ен Хатавеј, туку го промени и личниот моден стил, па наместо кичести, дречливи и провкативни фустани, сега носи луксузни парчиња во многу поумерен стил.
Нема коментари