Американското издание на Glamour го најавува 25-годишниот јубилеј на својот избор за наградата „Жена на годината“ со декемврискиот број и со новата листа на жени кои ќе ја понесат титулата на магазинот. Доделувањето на наградите е закажано за 9 ноември во Карнеги Хол во Њујорк, а на настанот ќе се чествуваат повеќе успешни жени кои се иноватори во различни области, во забавната индустрија, модата, културата, политиката и во бизнисот. Оваа година според Glamour тоа се дизајнерката Викторија Бекам, оскаровката Риз Витерспун, балерината Мисти Коуланд, трансродовата атлетичарка и ѕвезда на реалната телевизија Кејтлин Џенер, деловната жена Елизабет Холмс, женскиот фудбалски тим на САД и други кои оставиле печат со своето делување.
Нема коментари