Рече дека никогаш не би носела ниски чевли или патики, па тие станаа нејзини омилени обувки. Изјави дека црната боја не би ја заменила со ништо-па почна да воси највпечатливи бои…Не сакаше да проба широки модели и на крај тие се дел од нејзиното секојдневи. Викторија Бекам постојано модно се предизвикува себе си. Можеби мислевме дека никогаш нема да ја видиме во елегантна варијанта со патики, но таа редовно ги комбинира со нејзините бизнис парчиња. Иако има витка линија, не се плаши да носи модели со нагласен волумен . Докажа дека плус величинте на облека, како и кроеви позајмени од машкиот ормар може да бидат женствени. Иако нејзина омилена боја е црната, изминативе неколку сезони одушевува со смелите жолти, сини портокалови и црвени тонови, кои ги комбинира меѓусебно…. И не само што ги носи, туку и ги креира и нуди во своите сезонски колекции.
Со секоја нова линија ја усовршува елеганцијата и женственоста, давајќи нова дефибиција на деловниот изглед….На ден пред ревијата во Њујорк, изјави дека никоган не (би) носеле палто со здолниште… И Викторија не би била Викторија ако не надмине уште една своја предрасуда …На ревијата за својата колекција за есен-зима 2017 лансира одлични комбинации токму на сако со лелеави здолништа со карнери. Покрај оваа доминираат и споевите на нагласени блузони, џемпери или палта со долги широки панталони со машки крој. Класичните женски парчиња ги разигрува со помеки материјали, дискретен тул или со минимална шара. Користи црна, кафена и темносина боја, но и шарени дезени кои се на линија на елеганцијата и може да се носат и во деловна комбинација. Стајлизните се дополнети со шпицести чевли, минималистички или коцкасти кожени чанти, долги ракавици, марами или набрани чизми.
Нема коментари