Трендсетерката и дизајнерка Викторија Бекам под својот бренд ќе лансира мини-колекција шминки во соработка со Estée Lauder. Линијата The Victoria Beckham Estée Lauder премиерно ќе биде преставена на ревијата на нејзината нова колекција облека во Њујорк, на 11 септрември, а два дена подоцна ќе се најде и во продажба. Викторија вели дека создавање на своја колекција шминка што ќе може да се применува на ралични возрасти е оствaрување на долгогодишен сон. Во колекцијата понудени се кармини во крем и корална боја, сенки за очи во земјени тонови, црно миливче, пудра и маскара. Таа деновиве за Vogue сними туторијал о совети како таа ја нанесува шмнката, како и фотосесија со резултатот од шминкањето.
Нема коментари