Дизајнерката и некогашна „спајсица“, Викторија Бекам очигледно обожува да им дава нова функција и изглед на парчињата облека наменети за деловен изглед. Деновиве во Њујорк се појави во неколку колоритни стајлинзи, со доминантна сина и сенф-жолта боја, со кои покажа дека класичните модели може да се носат поинаку. Креациите се од нејзината претстојна предесенска колекција.
Носеше долг жолт фустан со балонести ракави со сини чевли со Ве-изрез. Носеше и плетен портокалов комплет од блуза и долго тесно здолниште комбинирано со контрасна сина кошула. Оваа кошула ја носеше и со сенф панталони со машки крој. Панталоните во поголем број инспирирани од машкиот ормар се нејзин чест избор изминатиов период. Беше забележана со сив модел комбиниран со темновиолетов џемпер, како и со црно палто и бела кошула. Во оваа комбинација изненади со бели „Адидас“ патики.
Нема коментари