Дизајнерскиот тандем Viktor & Rolf , познат по храбриот и екпериментален притап во креирање, одушеви со својата нова, цветна колекција на фустани во 3Д форма. Иако навидум моделите наликуваат еден на друг, во однос на принтот и се со форма веќе видена во претходните колекции на Виктор Хорстинг и Ролф Сноерен, сепак овој пат отишле чекор напред со 3Д ефектите. Како илустрација што не завршува во рамките на основниот модел, цветовите се разлистуваат околу фустаните и ја збогатуваат приказната. Формите наликуваат на детски фустанчиња, со панделкии врзувања во горниот дел или на ракавите. Линијата за претстојната пролет, на Париската недела на висока мода е колоритна, со печатливи тонови и крупни принтови. Манекенките на глава носеа украси или шапки со слама.
Нема коментари