Холандското дизајнерско дуо Виктор Хорстинг и Ролг Снорен ги пренесоа изразите „уметноста е мода“ и „модата е уметност“ на буквален начин во нивното шоу за колекцијата на висока мода за есен 2015, преставувајќи манекенки облечени во расклопливи уметнички платна како здолништа и палта со аголни рабови кои завршуваат со златни рамки за слики. На вчерашната ревија во Париз Виктор и Ролф покажаа дека важат и двете констатации, теми од кои подолго време се инспирираат во својата дизајнерска работа.
Концептот дали високата мода може да се гледа како уметност го развија така што манекенките ги прошетаа необичните креации на белата писта, а потоа Виктор и Ролф самите ги расоблекоа и нивните „платна како модни парчиња“ и ги закачија на белиот ѕид зад нив, отркивајќи ја содржината на платната – ренесансни портрети.
Нема коментари