Популарниот моден бренд Манго за да ја одбележи својата 40-годишнината, одлучи да се здружи со Викторија Бекам, која од поп ѕвезда се наметна како модна дизајнерка со сопствен бренд. Соработката помеѓу Викторија Бекам и Манго означува посебен момент за оние кои долго време се восхитуваат на софистицираните дизајни на Бекам, но се воздржуваат од луксузните цени. Како резултат на ова партнерство, на 23 април ќе биде лансирана колекција што ги комбинира дизајните на двата бренда, а се очекува таа да содржи мешавина на женствени фустани, прецизно кроење и висококвалитетна трикотажа кои се забележуваат во моделите на Бекам.
Колекцијата Victoria Beckham x Mango е инспирина од стилот на Џејн Биркин, а Викторија изјави дека влијание има и францускиот филм La Piscine („Базен“), поради што промотивната кампања се снимала токму на базен. На првите фотографии забележуваме дел од колекцијата – бел фустан со длабоко V-деколте, добро скроен бел костим и розов слип-фустан. Колекцијата од 23 април ќе биде достапна во одбрани продавници на Манго, како и за онлајн продажба на нивната веб-страница.
Нема коментари