Од 25 до 27 септември во хотелот „Александар палaс“ ќе се одржи првото издание на Health, Fitness & Welness Expo, наjголемиот интерактивен настан за здрав животен стил. Во трите дена може да се информирате за здравјето, одржување на добра, фит форма и кондиција и нега и грижа за своето тело и дух. На едно место ќе презентираат дури 50 учесници стручни во своите области – фитнес, аеробик и спортски центри, продавници за здрава храна, џус барови, природни додатоци на исхраната, спортски и медицински помагала и опрема, како и најпознатите салони за нега и козметика, масажа, спа, сауна, рехабилитација и слично. Секој изложувач ќе има свој интерактивен простор кој ќе може да го посетите и да се информирате, да учествувате во демо тренинзи и третмани, дегустации, натпревари, предизвици, но и да освоите бројни попусти, купони, ваучери. Слушнете ги директно и од прва рака сите новитети и последни техники и технологии кога станува збор за поздраво живеење и грижа за себе. Секој изложувач ќе понуди своја забавна и интерактивна програма на својот простор, а вие ќе можете полесно да одлучите – како сакате да се храните, каде ќе вежбате, каква опрема и помагала ќе користите, кои суплементи ќе ги одберете, и каде сакате да го негувате вашето лице, тело и дух. Настанот ќе биде отворен на 25 септември во 17.30 часот со специјалниот гостин Милан Strongman Јовановиќ, светски шампион во power lifting и strongman натпреварувач.
Нема коментари