Модната компанија „Салваторе Ферагамо“, како вистинска италијанска компанија во која се ценат семејните вредности, својата нова рекламна кампања за последните верзии на моделот чанта Fiamma, ангажираше жени од седум познати семејни династии. Чантата што пред 30-тина години Салваторе Ферагамо ја креираше во чест на својата ќерка Фијама, сега е во центарот на краток филм во кој се појавуваат познати жени како Мариел Хемингвеј и нејзината ќерка Ленгли Фокс, Аника и Сидни Поатје, Жаклин Боуранг и нејзините ќерки Лола и Стела Шнабел, жените од аристократското семејство Русполи и други. Ова е најавата за филмот во кој жените од различни генерации зборуваат за себе и нивните семејни приказни и традиции.
Нема коментари