По повод 40 години од основањето, „Армани“ на својата интеренет страница објави архивско видео за да потсети како почна оваа модна приказна. Ова е само првиот проект со кој италијанската модна куќа ќе го одбележи јубилејот. Во краткометражниот филм е претставена целата историја на познатото „Армани“ сакото.
-Сакото е мојата појдовна точка во кариерата, сè се вртеше околу него-вели основачот на брендот, Џорџо Армани.
Четириминутното видео е визуелен приказ на настанокот на култното сако во 70-тите години, од идеја до реализација.
Отсега секоја недела на веб-страницата на куќата ќе биде објавувано по едно видео од архивот на брендот, со кои ќе биде пренесено дел од приказните за тоа како настанале некои од најпрепознатливите модели, како и некои интересни анегдоти поврзани со Армани. Модната куќа е основана на 24 јули 1975 година во Милано.
Нема коментари