Викторија Бекам ретко дава интервјуа, но поранешната поп ѕвезда која стана успешна модна дизајнерка се отвори на 73 блиц прашања за американскиот Vogue чии одговори се спакувани во ова видео. Таа одговара додека се движи низ својот неодамна отворен бутик на Довер Стрит во Лондон, открива дека станува многу рано и денот го почнува со вежбање, а потоа се посветува на децата, вели дека совршен љубовен дејт за неа значи „Дома со мојот сопруг“. А кажува и зошто не се смее, прашање што многу често ѝ го поставуваат, а таа го мрази. „Се смеам одвнатре. Чувствувам дека имам одговорност кон модната заедница“. Во шест минутното видео се откриваат уште многу куси прашања и одговори, а погледенете го за да откриете кој ѝ е омилен зачин. И да, семејството Бекам има куче булдог кое се вика Коко Шанел!
Нема коментари