Едни од најбараните актери во моментов, Домнал Глисон, Сиена Милер, Лили Џејмс и Доминик Вест играат во новото божикно видео кое ја раскажува приказната за Томас Барбери- основачот на британскиот моден бренд Burberry. Режисер на The Tale of Thomas Burberry е Асиф Кападија, кој годинава доби „Оскар“ за документарецот за Ејми Вајнхаус.
Ирскиот глумец Домнал Глисон во божикната реклама на брендот го игра Томас Барбери, неговата љубов ја игра Сиена Милер, која носи дел од најпрепознатливите фустани и наметки на славниот дизајнер. Во приказната се појавува и британскиот истражувач Сер Ернест Шеклтон , толкуван од Доминик Вест , во во своите екпедиции на Антарктикот носел облека креирана од Барбери. Лили Џејмс ја глуми пилотката Бети Досон, која го носи култниот мантил на Burberry – Heritage Trench Coat.Нејзниот лик е инспириран од Бети Кирби – Грин, која во 1937 година го урна светскиот рекорд во прелетување од Англија до Кејтптаун со авион наречен The Burberry.
Нема коментари