Креативен максимализам со класична силуета од пред неколку векови и модерни стилови кои повикуваат на футуризам, како спој на минатото, сегашноста и иднината, прикажа вчеравечер Никола Гескиер во колекцијата есен-зима 2018/19 на париската модна куќа „Луј Витон“. Модната ревија се одржа во Lefuel Court, скриен двор во Лувр со скали во вид на потковица по кои чекореаа манекенките облечени во креации кои реферираат на различно време – корсети со врвци, викторијански пеплум палта, твид јакни, долги ракавици, свилени плисирани фустани. Целата колекција е игра со различна текстура и е богата со колоритни мотиви и шари.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари