Брендот за уникатни велосипеди SkopjeFixie деновиве промовира урбано видео снимено низ скопските улици. Камерата ја следи Ирена Спасеновска која вози еден од велосипедите на SkopjeFixie во Градскиот парк, Дебар Маало, Карпош… Видеото го направи Melem Production, режијата и монтажата се на Огнен Шапковски. Камерман е Кристијан Теодоров, а асистент на камера е Борис Јосифовски. Музиката во позадина е на Ивица Јанкуловски и Јане Трајковски, снимена во marryPHAT Studio. Проектот е реализиран во уметничка соработка со MHC.
SkopjeFixie е формиран во истоимениот град, од енузијасти кои имаат желба да ја доближат оваа култура до секој љубител на возењето велосипед.
-Водени од нашата цел, да гледаме сè повеќе колористични и елегантни велосипеди на нашите улици и улиците на секој град. Наша идеја е да ги донесеме, составиме, а вие возите, најсимпатичните и наједноставните велосипеди на еден град. Со тоа поставивме можност: составете и возете го, вашиот уникатен и оргинален велосипед -велат од SkopjeFixie .
SkopjeFixie учествуваше на неодманешното, четврто издание на фестивалот „Здраво млади“ во МКЦ, каде што органзиира натпревар во танцување и каде што додели уникатен велосипед во соработка во графичкиот дизајнер Иван Петрушевски-Флим.
Нема коментари