Познатата интернетска продавница My Theresa во соработка со модната куќа „Баленсијага“ сними краток филм во кој на духовит начин се подбива со гламурот, претерувањето и иронијата во моданата индустрија. Двеминутното видео Une Incroyable Excuse е приказна за три млади француски дами, од кои едната открива шокантно откритие кога ќе ја отвори чантата… Сценариото и режијата се на Дени Сангра, видеото е снимено во ресторанот Caviar Kaspia во Париз, а трите протагонистки носат креации од есенската колекција на „Баленсијага“ кои веќе се продаваат на Mytheresa.com.
Нема коментари