Италијанскиот бренд Bottega Veneta промовира видео за својата рана есенска линија, дизајнирана од Томас Маер. Во филмот, кој го режира Аксел Линдал од WM Artist Management , е претставена арамија од модели кои носејќи ги новите креации одат надолу по скалите. Застапен е широк спектар од бои , микс на текстури и материјали. Колекцијата, која од брендот ја нарекуваат експеримент во конструкција, деконструкција и реконструкција, исто така содржи елегентни чевли и чанти во класични, неутрални тонови, како и неколку елементи во впечатливи бои.
Нема коментари