Во сива, автентична атмосфера, во руиниран, напуштен објект, алтернативниот скопски рок-бенд „Бернајс пропаганда“ го сними својот нов спот за нумерата „Повеќе“, кој е во режија на Бојан Кртолица. Во фокусот на видеото е вокалистката на групата, Кристина Горовска, која танцува облечена во сина креација од нашата позната дизајнерка Лидија Георгиева.
Директор на фотографија е Гого Клинчаров, а асистент на камера е Драган Алексов. Кореографијата е на самата Горовска, додека за мејкапот се погрижи Марија Амски.
Песната „Повеќе“ е дел од новиот албум на „Бернајс пропаганда“, „Политика“, објавен оваа година за Moonlee Records. Составот следната година ќе одбележи една декада постоење со самостоен концерт на 17 февруари 2017 во Младинскиот културен центар, Скопје.
Нема коментари