Познатиот моден бренд за машка мода Ермениџилдо Зења заедно со својот креативен директор Стефано Пилати донесе одлука да се сконцентрира на кинескиот моден пазар и за таа цел го сними високобуџетниот 20-минутен филм A Star Reborn во кој се појавуваат актерот Џек Хјустон и хонгконгшката ѕвезда Даниел Ву. Делото го потпишува јужнокорејскиот режисер Парк Чан-Вук и открива приказна за брилијантен млад извршен директор од Лондон која ја разгледува можноста за продажба на својот изум на еден мистериозен кинески милијардер. Пред да се сретне со својот потенцијален инвеститор главниот протагонист мора да се соочи со бројни предизвици во форма на патувања, гатанки и размената на облека.
Нема коментари