Креативниот директор на „Сен Лоран“ Хеди Слиман инспирација за машката колекција за есен-зима 2015/16, претставена деновиве во Париз, пронајде во новата генерација на млади француски музичари чии дела често користи на ревиите. За следната есенска сезона Слиман предлага глам-рок стилови, костуми со пруги, тесни молив-панталони, кожени палта и панталони, крзнени јакни, леопардов принт и беретки на главата како омаж на парискиот стил. Мажот според „Сен Лоран“ следната зима ќе носи комбинации од маица со црно-бели линии и смокинг-сако, моторџиска јакна со тесни панталони и долг шал, или пак сако со леопардов принт и тантелна кошула. Заедно со машката колекција Слиман претстави и неколку женски креации кои ја следат инспирацијата од машките модели.
Нема коментари