Колекцијата на Хеди Слиман за „Сен Лоран“ наменета за пролет-лето 2016, наречена е Surf Sound и е посветена на калифорниската сурферска, музичка култура. Претставува микс на тесни кроеви со винтиџ стил кој се навраќа на гранџ-модата и на иконскиот изглед на Курт Кобеин од „Нирвана“. Слиман за следната пролет предлага карирани кошули, волуменозни кардигани, хавајски принт, но и микс на точки, линии, леопардва шара и цветен дезен, шарени сакоа и рокерски кожени јакни.
Нема коментари